вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 119
home Познати

Балотели ја соопштил прекрасната вест и на своите родители, а јавноста е изненадена: Нејзе ниту еден маж не може да ѝ одолее

Балотели ја соопштил прекрасната вест и на своите родители, а јавноста е изненадена: Нејзе ниту еден маж не може да ѝ одолее

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели конечно „се смири“.

Иако изгледаше дека „Супер Марио“ не би го направил тоа, сепак тој повторно ја изненади светската јавност.

Имено, Балотели одлучил да се венча, што истото им го соопштил и на своите родители.

Фудбалерот се верил со својата нова девојка, Алесија Месини, по само неколку денови забава со неа.

Откако ја запознал прекрасната девојка, заљубените гулапчиња патуваат по различни дестинации, а последен пат биле забележани во Сицилија.

Очигледно дека новата девојка толку многу му се допаднала, што по кратко време одлучил да се венча со неа.

„Верен сум и заљубен“ – ги пренесуваат неговите зборови италијанските таблоиди.

Се наведува дека Балотели и Алесиа се во врска само еден месец, но Марио (27) веќе ја запознал со нивните родители во нивниот дом во Сицилија.

Инаку, Алесија се занимава со моделинг и снимање реклами, а ниту еден маж не можел да ѝ одолее.

Коронавирус