сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Познати

Балканската супер ѕвезда која ги руши сите границии: Здраво Чолиќ денеска полни 70 години

Балканската супер ѕвезда која ги руши сите границии: Здраво Чолиќ денеска полни 70 години

Миленик на многу генерации, феномен на поранешна Југославија чии песни се пеат низ целиот свет и еден од првите балкански музичари што ја понесе титулата суперѕвезда. Со два збора – Здравко Чолиќ. Денес тој полни 70 години.

Здравко Чолиќ живее со сопругата Александра и ќерките Уна и Лара во елитата, но и мирен дел од Белград, а тој се обидува да ја зачува приватноста на семејството во луксузната вила.

Неговите обожавателки тврдат дека тој пеел за жените на најубав начин, а се вели дека Јосип Броз, претседателот на социјалистичка Југославија, рекол дека тој е „пример за совршен млад човек“.

Тој има една од најдолгите кариери на Балканот, која е украсена со големи тиражи, полни сали, пофални зборови од колегите и директен однос со публиката.

Здравко Чолиќ полнеше и до ден денес полни концертни сали веќе половина век, а неговата публика е во сите делови на светот.

Коронавирус