четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 182
home Познати

„Балканот е црна дупка што ги голта своите луѓе“- познатиот актер се сели од Србија со семејството на 52 години

„Балканот е црна дупка што ги голта своите луѓе“- познатиот актер се сели од Србија со семејството на 52 години

Српскиот актер Никола Којо, во интервју за порталот Klix.ba, откри дека сака да замине од Србија со семејството, бидејќи „Балканот е црна дупка што ги голта своите луѓе“. Неговата одлука по 40 години успешна кариера да ја напушти зеемјата ја изненади јавноста.

„Ќе ви откријам дека се подготвувам да  се отселам одовде, иако имам 52 години и сè уште не можам да зборувам за дестинацијата. Не мислам да ја поминам староста овде, ниту моите деца да растат во една ваква црна дупка што ги голта своите луѓе. Причината е сето ова лудило, односно беззаконие, анархија, сето ова што го зборуваме за политичарите што ни земаат од чиниите, велејќи дека тие создаваат нешто за нас“, вели Којо во интервјуто.

Познатиот глумец 2007 година се ожени со Александра Ѓуриќ со која има три ќерки, постарата Ана и близначките на кои никогаш не им ги откри имињата во јавноста.

Којо во кариерата глумел во голем број филмови, претстави и серии, а публиката најмногу го памети по улогите во филмовите „Жикина доинастија“, „Ние не сме анѓели“, „Убавите села убаво горат“, „Ивкова слава“ и други.

Коронавирус