среда, 17. јули 2019. Вести денес: 116
home Познати

Бакшиш од кој боли глава: Роналдо не се штедел на одморот во Грција

Бакшиш од кој боли глава: Роналдо не се штедел на одморот во Грција

Португалскиот интернационалец во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо заедно со својата девојка Георгина и децата уживаше во убавините на луксузното одморалиште Коста Наварино во Грција.

Обично Роналдо има највисоки барања од местата кои ги избира како идеални за негов одмор, а овој пат бил презадоволен од хотелот.

На Кристијано му било овозможено да е изолиран од папараците за време на својот престој во Грција и за време на пловењата со луксузната јахта.

За задоволствата кои му биле достапни за време на приватниот одмор со семејството тој плаќал по 8.000 евра за ноќевање.

Медиумите од оваа земја откриваат дека како знак на благодарност им оставил навистина неверојатен бакшиш на вработените во висина од 20.000 евра.