вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 4
home Познати

Атмосфера до плафон: Тамара Тодевска имаше настап, а кога на сцената се појави Миа Костова направија „хаос“

Атмосфера до плафон: Тамара Тодевска имаше настап, а кога на сцената се појави Миа Костова направија „хаос“

Коронавирусот на естрадните уметници кои најголемиот дел од времето го поминуваа патувајќи и одржувајќи концерти ширум светот, им даде продолжена пауза, а тие ја искористија да прават работи за кои како што велат претходно немале доволно време.

Веќе неколку месеци, пејачите немаа настапи, но веќе некои од нив започнаа со настапувања почитувајќи ги мерките за заштита од корона.

Македонската пејачка Тамара Тодевска изминатиот период ги поминуваше на релација Скопје – Гевгелија и максимално уживаа заедно со своето семејство.

Меѓутоа, Тамара сношти имаше настап во познат бар во Скопје, а на сцената направи вистински хаос.

За ова прилика, пејачката одбра црни кожни панталони во комбинација со блуза со проѕирни ракави, а многумина го пофалија нејзиниот изглед.

Од прв ред ја бодреше нејзината сестра Тијана Дапчевиќ која и порача дека ја сака.

Потоа на сцената навистина вистински хаос кога на кратко и се придружи и Миа Костова, па двете заедно имаа посебна кореографијата за „Морско ѕвездо“ од Тоше Проески.

Но, атмосферата го достигна врвот кога на сцената се појави и Игор Џамбазов, па заедно со Тодевска ги отпеајаа „Тажна љубов, среќна песна“, „Време за плачење“….

Веруваме, дека тие кои биле на настапот си поминале незаборавно… А што се однесува до короната… Белким внимавале и на себе и на другите!

Коронавирус