петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Познати

Арнолд Шварценегер: Добро сум, но не и одлично (ВИДЕО)

Арнолд Шварценегер: Добро сум, но не и одлично (ВИДЕО)

Поранешниот боди билдер, актер и гувернер, Арнолд Шварценегер неодамна беше примен во болницата Cedars-Sinai каде имал термин операција на срцето, а бидејќи зафатот во моментот е во експериментална фаза дошло до компликации…

-Сакам само да знаете дека се чувствувам многу подобро. Но, и покрај мојот позитивен став, се уште не сум одлично. Да се чувствувате одлично е сосема друго ниво, но добро сум, истакна Шварценегер во кусата видео снимка која ја објавил на социјалните мрежи.

 

Тој на снимката седи покрај шаховска табла за која тврди дека му помага во освежувањето на умот и подобрување на помнењето.

Инаку, ова не е првпат Шварценегер да оди на операција на срцето. На операциска маса бил и во 1997. година. Иако лекарите тогаш тврделе дека операцијата не е неопходна, тој се одлучил за зафат бидејќи сакал да ја направи додека е уште млад.

Коронавирус