петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Познати

Антонио Бандерас позитивен на коронавирус

Антонио Бандерас позитивен на коронавирус

Познатиот актер Антонио Бандерас вчера го прослави својот 60-ти роденден, а истиот ден откри дека е позитивен на коронавирусот.

Имено, актерот се огласи на својот „Твитер“.

-Сакам да обелоденам дека денес сум принуден да го прославам својот 60-ти роденден во карантин откако дознав дека сум позитивен на Ковид 19- напиша тој.

Бандерас додава дека се чувствува релативно добро, малку изморено него вообичаено и се надева дека ќе оздрави најбрзо што може.

-Се надевам дека ќе се излекувам од заболувањето од кое се заразени многу луѓе во светот, вели Бандерас.

Коронавирус