четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Антонио Бандерас отвори свој театар во родната Малага

Антонио Бандерас отвори свој театар во родната Малага

Актерот Антонио Бандерас синоќа го отвори театарот што го основаше во својот роден град Малага со премиерата на мјузиклот „A Chorus Line“ во кој и тој настапува.

За отворањето на неговиот театар „Театро дел Сохо“ во Малага, јужна Шпанија, Бандерас избра дело кое зборува за анонимни уметници и за нивните страдања зад сцената.

-Претставата зборува за „луѓе кои навистина ги поддржуваат мјузиклот и театарот, но нивните имиња не блескаат и не се познати на пошироката јавност“, рече Бандерас, кој игра еден од 26-те актери во претставата.

Оркестар од 22 музичари директно ја следи претставата во новиот театар со повеќе од 800 места.

Бандерас (59) ја започна својата кариера во текот на 80-тите години во Шпанија. На 19 години, тој стана актер во Шпанскиот народен театар. Се истакна глумејќи во филмовите на режисерот Педро Алмодовар и во холивудски остварувања како „Атентатори“, „Интервју со вампирот“, „Десперадо“, „Филаделфија“ и „Маската на Зоро“.

Најнови вести