недела, 27. септември 2020. Вести денес: 37
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Познати

Ања Ветерова со летни поздрави од Хрватска: „Малата сирена“ на морска разгледница со разголена задница (ФОТО)

Ања Ветерова со летни поздрави од Хрватска: „Малата сирена“ на морска разгледница со разголена задница (ФОТО)

Македонската поп пејачка Ања Ветерова по голготата со враќањето од САД поврзана со тогаш задолжителниот престој во лоши услови на државен карантин заради корона пандемијата, се врати дома во Скопје. И додека нејзините студии по музика на познатиот американски „Беркли“ универзитет засега се’ уште се одвиваат онлајн заради Ковид 19 пандемијата, Ања реши летово максимално да ги наполни батериите по секоја цена, па и покрај сите препреки најде начин и можности да замине на море во Хрватска.

Какво време дојде денес, да  купиш сендвич од „7-мица“, а да не се пофалиш на социјалните мрежи, исто како да не си јадел, а камо ли на море да летуваш,  па така и пејачката својот профил на Инстаграм секојдневно го полни со фотографии од убавиот син Јадран.

Својот престој во вистинскиот летен рај Ања максимално го користи, па разбирливо плажата е местото каде го минува речиси целиот ден.

Така, откако само пред неколку дена се пофали со својот исончан тен по целото тело, па дури и таму каде што сонцето потешко продира заради костимот за капење, сега Ања без многу есапење, повторно  сподели неколку  фотографии во „жешки пози“.

Имено, „малата сирена“ и овој пат ја „вжешти“ атмосферата, испраќајќи морска разгледница со разголена задница.

Новите пози на пејачката сликани од зад грб додека игра одбојка на плажа, ја покажуваа „малечката пејачка“ во полн сјај, кога се нејзините телесни атрибути во прашање. Едноделен костим за капење и полутанга, длабоко врежана во заоблената бујна задница на распеаната убавица.

Ања Ветерова на убавиот син Јадран, со летни поздрави, на кои нема вистинско машко што нема да ја отпоздрави. Летна панорама на песочното одбојкарско игралиште на празната плажа и на неа „малата сирена“ на суво, која ќе ви имами задоволна насмевка од уво до уво!

Коронавирус