сабота, 15. август 2020. Вести денес: 51
home Познати

Анистон објави “селфи“ со заштитна маска, нејзината порака ги налути фановите (ФОТО)

Анистон објави “селфи“ со заштитна маска, нејзината порака ги налути фановите (ФОТО)

Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил објави селфи без шминка со маска на лицето и побара од милионите нејзини следбеници да носат маски за да го спречат ширењето на коронавирусот.

„Разбирам дека маските се незгодни и непријатни. Но, не мислите ли дека е полошо што компаниите се затвораат, луѓето ги губат работните места, а здравствените работници се исцрпени … Овој вирус однесе многу животи затоа што не правиме доволно“, започна Џенифер.

“Јас навистина верувам во добрината на луѓето, така што знам дека можеме да направиме нешто заедно. Но, сепак, многу луѓе во нашата земја одбиваат да ги преземат потребните чекори. Луѓето се чини дека се загрижени поради тоа што им се одземени правата бидејќи треба да носат маска. Оваа едноставна и ефикасна препорака е политизирана на штета на животите на луѓето. И навистина не треба да се води дебата. Ако се грижите за човечкиот живот, ве молам … само ставете маска и охрабрете ги оние околу вас да го сторат тоа “, напиша омилената актерка.

Бројни познати личности одговорија во коментарите и ја поддржаа Џенифер, меѓу кои и Рис Витерспун, Дру Баримор, Џулија Робертс и Рита Вилсон, која самата ја надмина короната.

 

View this post on Instagram

 

I understand masks are inconvenient and uncomfortable. But don’t you feel that it’s worse that businesses are shutting down… jobs are being lost… health care workers are hitting absolute exhaustion. And so many lives have been taken by this virus because we aren’t doing enough. ⠀ ⠀ I really do believe in the basic goodness of people so I know we can all do this 🥰 BUT still, there are many people in our country refusing to take the necessary steps to flatten the curve, and keep each other safe. People seem worried about their “rights being taken away” by being asked to wear a mask. This simple and effective recommendation is being politicized at the expense of peoples’ lives. And it really shouldn’t be a debate 🙏🏼 ⠀ ⠀ If you care about human life, please… just #wearadamnmask 😷 and encourage those around you to do the same ❤️

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Сепак, како и обично, во коментарите на социјалните мрежи, имаше и такви кои заклучија дека се попаметни кога не носат маски и дека не треба да се однесуваат одговорно кон себе и кон другите.

“Прво, колку ви платиле за да го напишете ова? Маските не можат да го спречат ширењето на коронавирусот”, “Тоа е вирус, маските не можат да го спречат, но можете да го запрете ширењето на срамот”, “Престанете да им давате совети на луѓето. Тоа е препорака, а не закон.” , „Дали некој во Холивуд размислува со главата или сите сте со испран мозок?“, „Особено таквата маска не ве заштитува од вирусот“, напишаа лутите следбеници.

Со 34 милиони следбеници, Џенифер е една од најпопуларните луѓе на Инстаграм.

Коронавирус