сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 55
home Познати

Ангелот на „Викторија Сикрет“ ужива на Јадранско море: Во бело бикини ги истакнала своите неверојатни облини

Ангелот на „Викторија Сикрет“ ужива на Јадранско море: Во бело бикини ги истакнала своите неверојатни облини

Згодната манекенка Џоан Смолс ужива во Хрватска на луксузна јахта.

Имено, убавата манекенка на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која што позира на луксузната јахта во минијатурно бикини во кое што ги истакнала своите облини.

Таа имала многу малку шминка на себе, во боја на кожа и многу заводлив поглед, а го истакнала своето затегнато тело и тесен струк.

Друштво ѝ правеле стилистот Бадр Амаџар и нејзината најдобра пријателка.

Атрактивната девојка ужива на Јадранот, а фотографии од одморот редовно објавува на својот профил на Инстаграм, па може да се види кои дестинации ги посетила.

Пред да стигне во Хрватска, таа уживала и во Грција и Италија, каде што папарацо фотографите ја „уловиле“ со своето момче Хенри Џуниот Чалхоуб.

 

Коронавирус