Странските медиуми објавуваат детали за животот некогашниот најубав пар во Холивуд.
Порталот, Us Weekly, пишува дека Анџелина Џоли наводно му рекла на 15 годишниот посвоен син дека Бред Пит никогаш не сакал да го посвои.
Актерката, наводно, му рекла на синот Пакс дека Бред бил многу лут кога дознал дека таа продолжила со процедурата за посвојување.
-Ова сериозно го наруши односно меѓу Пакс и Бред, иако актерот ги негираше овие тврдења, тврдат извори за Us Weekly.
Бред бил загрижен бидејќи во тој момент Пакс имал три години и не го зборувал нивниот јазик. Сето ова се случувало само една година откако тие го добиле нивното прво заедничко дете, ќерката Шајло.
Парот има шест деца, три посвоени и три биолошки.