понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Анџелина Џоли после долго време ги покажа тетоважите: Што означуваат?

Анџелина Џоли после долго време ги покажа тетоважите: Што означуваат?

Актерката Анџелина Џоли (44) синоќа, заблеска на премиерата на новиот филм „Maleficent 2“. Друштво на црвениот тепих во „Ел Капитан“ театарот и правеја нејзините деца, пет на број. Нејзиниот најстар син Мадокс (18) беше единствениот кој не присуствуваше на премиерата, бидејќи во моментов е во Јужна Кореја каде од неодамна тргна на колеџ.

Само што го испратив на студии, многу сум горда на него, изјави крато Џоли.
После разводот од Бред Пит таа долго се бори со осудите од јавноста и насловните страни дека е лоша мајка и дека се обидува децата да ги одвои од таткото.

Многу сум возбудена, имам чувство дека мојот свет се шири како што нивниот свет се шири. Многу учам од нив и ја сакам оваа фаза, видно возбудена коментираше за своите дека кои се во различни фази на возраст.

Анџелина заблеска на синоќешната премиера во црна елегентна „Версаче“ креација од светлуцав материјал кој ги истакна нејзините тетоважи, а накитот е потпишан од „Картие“.

Меѓу тетоважите кои познатата актерка ги има на грбот, се наоѓа цитат на Тенеси Вилијамс, будистичка молитва и географски координати на локациите на кои се родени нејзините деца.

Значење на тетоважите:
Готски букви чие значење е: Знај ги своите права. Станува збор за песна на бендот „The Clash“.

Координати на локациите на кои се родени нејзините деца, како и местото каде е роден Бред Пит

Будистичка молитва посветена на нејзиниот син Медокс кој во 2003 е посвоен од Камбоџа.

Дизајн на будистички храм кој ја потсетува да има милост кон себе.

Древни будистички мантри кои наводно носат среќа и богатство.

Приказ на четири континенти и 4 елементи, земја, воздух, вода и оган.

Текст на арапски кој означува „одлучност“. Со оваа тетоважа ја прекрива тетоважата која ја направи со поранешниот сопруг Били Боб Тортон.