петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Познати

Андријана Јаневска прозборе за смртта на својата мајка: Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа

Андријана Јаневска прозборе за смртта на својата мајка: Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа

Андријана Јаневска во интервју за „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста прозборе за смртта на својата мајка. Познатата пејачка рече дека искрено се надева оти времето лечи се и дека болката со текот на времето која што ја чувствува после нејзиното заминување ќе ја снема.

-Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа, откри пејачката која после подолга пауза се враќа на музичката сцена и тоа со песна на хрватски јазик.

После повеќе од 20 години сосема случајно добив покана да снимам песна на хрватски јазик, потпишав договор со продукција од таму и веќе е снимено и видеото за првиот сингл. Имаме големи планови, но не можам да откријам се“, кажа пејачката.