среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 107
home Познати

Андреана Чекиќ не можела да се воздржи: Со љубовникот заклучени 15 минути во кафеанското WC, додека мажот седел на соседната маса!

Андреана Чекиќ не можела да се воздржи: Со љубовникот заклучени 15 минути во кафеанското WC, додека мажот седел на соседната маса!

Фолкерката неодамна излегла со новиот партнер во провод, но за несреќа на истото место се нашол и нејзиниот донеодамнешен сопруг, со кого водат жестока војна во јавноста. Сепак, Чекиќ не обрнувала внимание на него и се препуштила на уживање со новото момче Марко Милошевиќ, кое се’ уште е во брак.  Очигледно страста малку повеќе ги понела, така што во еден момент се изгубиле од локалот и отишле во тоалетот на петнаесет минути.

„Само тие знаат што правеле. Една гостинка  долго чекала пред вратата од тоалетот, но таа била заклучена. Кога го слушнала бакнежи, воздишки и стенкање, тропнала на вратата, а по молкот, почнала и да удира со сета сила, но никој не и отворил. Петнаесеттина минути подоцна, Андреана излегла со момчето под рака од тоалетот. Пејачката патем, културно и се извинила на девојкато што почекала.

Откако се вратиле на својата маса цело време таа пеела, танцувала и се бакнувала со Милошевиќ, иако само неколку маси подалеку седел нејзиниот поранешен сопруг Иван Миладиновиќ. Тој бил во друштво со пејачот Урош Живковиќ и во неколку наврати фрлал око на  Андреана, која дури и не го ни погледнала.

Не сакала да си дозволи да си ја уништи убавата вечер и добриот провод, бидејќи Чекиќ е позната по тоа што сака кафеани, добра музика и пијалок, а по нејзиниот израз на лицето, било јасно дека е добро расположена и дека не ја интересира што мисли некој“ – открил  извор од местото на настанотза српски Курир.

За да биде парадоксот поголем, Андреана токму со сегашниот љубовник Марко Милошевиќ ја запознал сопругот Иван Миладиновиќ, додека биле во брак. Бидејќи Иван бил шеф на нејзиниот бенд, тој го ангажирал Марко, па затоа може да се каже дека на Андреана бившиот и го донесе идниот!

Фото: Александар Јовановиќ/Инстаграм принтскрин

Коронавирус