среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 143
home Познати

Анастасија Ражнатовиќ отворено за порокот со кој се бори подолго време

Анастасија Ражнатовиќ отворено за порокот со кој се бори подолго време

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ за време на пандемијата со коронавирусот престојува кај своето момче во Нови Сад. На овој чекор таа се решила бидејќи сакала да се изолира целосно од сите.

Таа за српските медиуми вели дека со мајка и Цеца секојдневно контактираат, а бидејќи и порано живееле одделно, не и е тешко што се наоѓа во Нови Сад.

Таа открила и дека повеќе го нема порокот со кој се борела неодамна.

-Година и половина не пушам цигари. Прво потполно престанав и тоа траеше три месеци, еден ден имав криза, па се вратив на нив. Тогаш поминав на алтернатива, па сега се уште сум на тоа. Се надевам еден ден ќе престанам и со електронските цигари, вели таа.

Таа во интервјуто за српските медиуми вели дека иако има совршено тело мора да внимава што јаде.

-Го постам целиот пост. Малку е тешко бидејќи јадам една иста храна. Јас постам од лични работи и убаво се чувствувам. Јас и кујната сме два различни света, но посна паштета и ајвар е доволен.

 

извор: vistina.com.mk

Локални избори 2021