сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 57
home Познати

Aнастасија Ражнатовиќ: „Користам фотошоп и не ми е срам“

Aнастасија Ражнатовиќ: „Користам фотошоп и не ми е срам“

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ признава дека ги обожава социјалните мрежи и дека ја „принудила“ нејзината мајка се почесто да се огласува.

Таа призна дека се шокирала кога ги видела познатите во живо бидејќи на социјалните мрежи не личат на себе.

„Јас ги средувам фотографиите“, вели пејачката и додава:

View this post on Instagram

Damsel in distress 🌬🌾

A post shared by 🔱 A N A S T A S I J A 🔱 (@raznatovicanastasija) on

„Да, користам фотошоп. Но, не го менувам личниот опис и кога некој ќе ме види во живо да не може да ме препознае. Мислам дека сите користат фотошоп, а оној кој вели дека не го користи, тој лаже. Мислам дека денес во 21век кога ни се достапни многу работи, тоа не е срамота. Секој сака на Инстаграм да објави фотографија каде што е најубав. Многу пати сум добила коментари дека во живо сум многу поубава, па мене тоа ми е голем комплимент“, вели пејачката.

Анастасија признава дека не сака да се фотографира.

„Не сакам да се фотографирам. Не ме интеренсира тоа. Гледам што побрзо да ја завршам таа работа. Кога не сум многу активна, гледам да се фотографирам за еден ден и да бидам мирна“, вели Ражнатовиќ.

Пејачката откри дека следната година ќе ги израдува фановите со нови песни.

Коронавирус