вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Познати

Анастасија Ражнатовиќ го напушти семејниот дом – повеќе не живее со мама, братот и снаата

Анастасија Ражнатовиќ го напушти семејниот дом – повеќе не живее со мама, братот и снаата

Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, неодамна се преселила од семејниот дом каде живееше со мама, братот Вељко и снаата Богдана.

Сега живее сама во луксузна зграда во еден од најпрестижните делови на Белград. Иако е ќерката на Цеца, многумина од зградата не ни знаеле дека таа им станала сосетка. Анастасија често посетувала продавница за пикантна храна од Унгарија.

-Како не сме ја виделе. Често доаѓа кај нас. Анастасија е девојка на место. Купува се. Од сувомеснати производи до помфрит. Остава бакшиш. Баш е воспитана девојка, вели продавачката.

Според нејзините зборови, ја красат убави манири и почит кон постарите и секогаш е насмеана.

-Секоја и чест. Нормална личност, за разлика од овие, да кажам модерни девојки кои не и се ни до колена, а глумат некое лудило. Доаѓа без шминка. Уште поубава е таква. дДевојка за пример, додава продавачката.