понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 38
home Познати

Анастасија и Луна се скарани со години, а оваа македонска пејачка застана меѓу нив две- Џогани со оваа фотографија упати јасна порака

Анастасија и Луна се скарани со години, а оваа македонска пејачка застана меѓу нив две- Џогани со оваа фотографија упати јасна порака

Антониа Гиговска оваа година само реди успеси на професионален план.

Победничката на „Задруга 2“, Луна Џогани деновиве беше во Скопје, во студиото на Дарко Димитров каде што ја снимаше својата прва песна, а токму Антонија и беше придружен вокал.

Во интервју за „nemazabranjenih.rs“, Гиговска откри како изгледала средбата и откри што мисли за Луна.

„Супер е. Се запознаваме. Седевме и разговаравме. Таа е екстра. Песната ќе биде супер. Можам да кажам дека ќе биде хит, многу добро звучи. Дарко Димитров одлично си ја заврши работата. И направи добра песна“  вели Антониа за порталот.

Џогани на профилот на „Инстаграм“ објави фотографија со македонското девојче, а во описот на објавата напиша:

„Ја гледав во Задруга и уживав во нејзиниот глас, а денес мој придружен вокал во мојата прва песна. Ти благодарам многу драга, ме воодушеви. Ти посакувам многу среќа“ напиша Луна под заедничката фотографија.

Инаку Антониа беше придружен вокал и во песната на Анастасија Ражнатовиќ.