вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 87
home Познати

Анабела седна на полиграф, солзите не можеше да ги запре: Сакав да бидам мртва, модринките ги криев со пудра (ВИДЕО)

Анабела седна на полиграф, солзите не можеше да ги запре: Сакав да бидам мртва, модринките ги криев со пудра (ВИДЕО)

Српската пејачка Анабела Атијас учествуваше во емисијата „Блиц полиграф“ каде одговараше на не толку пријатна прашања.

Таа открива во кој момент посакала да е мртва, како и дека со пудра за правење маски ги покривала модринките на лицето по доживеаното семејно насилство.

-Никогаш не сум се обидела да си го одземам животот, но тогаш посакав. Тоа е нешто што можам да го наречам можеби и моја смрт и живот пред животот, тоа е тој живот со него, открива Анабела на прашањето поврзано со нејзиното прво момче Никола кое починало додека биле заедно.

Иако првично во емисијата Анабела излажа дека модринки покривала со пудра, неколку минути подоцна реши отворено да проговори за ситуацијата.

-Ок, да ги криев модринките, но Луна веќе беше голема и сама ги виде и покрај дебелиот слој пудра наменета за маски во театар, искрено вели Анабела.

Во врска со групата „Фанки Џи“, Анабела вели дека и е жал што истата не опстоила.

Коронавирус