четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 101
home Познати

Aнабела Атијас: „Џоле Џогани е безнадежно заљубен во мене“

Aнабела Атијас: „Џоле Џогани е безнадежно заљубен во мене“

Анабела Атијас проговори за нејзиниот однос со Џоле Џогани и откри детали од семејниот однос.

Откако Анабела се огласи на „Инстаграм“ и истакна Џоле да се откаже од долгот кој Гаги го има кон него и тогаш ќе има за прехранување на децата, во емисијата проговори без влакна на јазикот.

„Јавно се расправа за мојот живот, брак, моите деца. Нека се јави на Нина и Луна и нека се расправа со нив. Мојот имот е на името на Луна додека нивниот брат тајно купува станови на име на неговите сестри. Ако тие ги кријат становите од Нина и Луна, за да детето на тетката добие стан, а тоа има свој татко, зарем и двете не треба да добијат стан? Се што заработив со Гаги и по него, планирам да го оставам на своите деца. Станот го заработив и го оставив на Луна. Тој се расправа со мене како станот да останал на мене, па дури сум останала должна на Гаги? Една личност кажа дека е заљубен во мене, мислам дека безнадежно е заљубен во мене. изјави Анабела.

Ja прокоментира и Весна со која се „препукава“ на социјалните мрежи уште во „Задруга 3“.

„Мене ми е пример од каде дојде Весна и како успеа. Јас знам дека Слаѓа и подаде рака и даваше да јаде, ја чуваше со своите деца, јас тоа го гледав. Сите знаеме што Весна правеше кај Слаѓа во куќата бидејќи денес е сопруга на Ѓоле. И они се нашле да ја осудуваат Луна“ изјави Атијас.

Коронавирус