сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Познати

Ана и Бастијан ќе градат вила веднаш до Ѓоковиќ- кога ќе дознаете што се ќе се изгради во неа за 200 илјади евра ќе се онесвестите

Ана и Бастијан ќе градат вила веднаш до Ѓоковиќ- кога ќе дознаете што се ќе се изгради во неа за 200 илјади евра ќе се онесвестите

Познатата тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг фудбалерот Бастијан Швајншајгер ќе купат плац и ќе изградат вила на Павловачко Езеро каде веќе вила има Новак Ѓоковиќ.

Иако многу се пишуваше дека тенисерката и фудбалерот сакаат да градат вила на повеќе места во светот, тие сепак на идеја на таткото на Ана се одлучиле да инвестираат покрај оваа природна убавина во Србија.

-Ана и Швајни не планираат да се селат во Србија, но сакаат да имаат своја вила далеку од очите на јавноста. Плацот кој се продава е во близина на вилата на Ѓоковиќ, а цената само за земјиштето е околу 100 илјади евра. Локацијата на двајцата веднаш им се допадна, вели анонимен соговорник за српските медиуми.

Тој додава дека освен за плацот тие мора да одвојат најмалку уште толку пари и за вилата која сакаат да ја изградат.

-Постои и можност на еден дел од плацот да биде изграден и голф терен, бидејќи фудбалерот го обожува тој спорт, заврши изворот.