петок, 3. декември 2021. Вести денес: 3
home Познати

Ана Бекута откри во каков однос е со Цеца: Еве што се крие зад расправиите во „Ѕвездите на Гранд“!

Ана Бекута откри во каков однос е со Цеца: Еве што се крие зад расправиите во „Ѕвездите на Гранд“!

Фолк пејачката Ана Бекута со години е член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, во кој неодамна беше вклучена и нејзината колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Цеца во неколку наврати „западна во оган“ со членовите на жирито, а Бекута откри дали има искри меѓу неа и Светлана.

– Каква борба! Нема никакви искри меѓу мене и Цеца, се е мирно, а и јас сум, се шегуваме на наша сметка. Успеваме да направиме најгледана емисија – изјави Ана за „Курир“, и додаде:

– Се шегуваме едни со други без престан, едноставно го креваме шоуто на највисоко можно ниво одново и одново.

Џорџе Давид, кој исто така е во жирито на споменатото натпреварување, неодамна откри каков е нивниот рејтинг откако дојде Цеца.

– Цеца носи сосема поинаква боја. Брзо дознаваме каков е резултатот. Шерот скокна за 48 проценти откако дојде Цеца. Сите наши стравови и сомнежи паднаа во вода. Почна да “шие“ уште во втората емисија. Цеца е некој кој е ужасно голем, можете да ја слушате нејзината музика, но таа има фантастично однесување – изјави Џорџе.

Коронавирус