Хрватската пејачка со адреса во Белград, Ана Бебиќ која на јавноста и стана позната по учестѕвото во музичкото шоу „Операција Триумф“, откри дека повторно ќе стане мајка.
Имено, Ана во мај минатата година го роди првото дете синот Матија, а сега соопшти дека повторно е бремена.
-Чекаме уште еден син. Во петиот месец од бременоста сум. Не сакавме да чекаме за второ дете. Додека сме сеуште со пелени, истакна Ана во емисијата на Огњен Амиџиќ.
Пејачката и сопругот Иван се венчаа во декември во 2017 година.
loading...