петок, 4. декември 2020. Вести денес: 3
home Познати

Американската пејачка со албанско потекло шокира: Имам биполарно нарушување!

Американската пејачка со албанско потекло шокира: Имам биполарно нарушување!

Американската пејачка со албанско потекло Бебе Реџа (29) на Твитер објави дека ѝ е дијагностицирано биполарно нарушување.

Реџа вели дека често се чувствува лошо и поради тоа не може да работи. Додава и дека не се срами да признае дека има нарушување во психата и чести нервни испади.

Биполарните нарушувања се обележуваат со манија или депресија. Не се знае причината, освен дека доаѓа до нагло нарушувања во располиожението од крајно еуфорично до крајно депресивно.

„Не разбирав зошто се чувствувам болно. Често чувствував пад во расположението поради што не сакав да ја напуштам својата куќа и поради што не сакав да бидам опкружена со луѓе, а не ни спиев, што често ме наведуваше да престанам со работа и да ставам крај на музичката кариера“, напишала Реџа.

Коронавирус