сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Амбер Херд проговори за насилството: Бев подготвена да се откажам од сè, немав веќе сили

Амбер Херд проговори за насилството: Бев подготвена да се откажам од сè, немав веќе сили

Амбер Херд позираше за насловната страница на последното издание на магазинот Shape, и во интервјуто за истиот открива дека силните жени ја спасиле кога таа повеќе не можела да се носи со насилството во нејзиниот личен живот.

Со овие зборови, Амбер го опиша нејзиниот комплициран, бурен и прилично краток брак со холивудската ѕвезда Џони Деп.

Таа тврди дека по тешкотиите во нејзините лични односи, нејзините колешки се оние кои  ѝ го подигнале нејзиното мислење:

“Добив поддршка од силни жени кои стоеја покрај мене кога бев подготвена да се откажам од сè”.

Таа додаде: “Ми требаа луѓе на кои можев да сметам за да го надминам сето ова вознемирување …”

32-годишната русокоса, која во моментов го рекламира својот нов филм “Аквамен”, многу  е благодарна за непоколебливата женска поддршка, која ја има добиено во последниве години.

Витката Амбер раскажуваше и дека се потпира на балансирана исхрана и редовни вежби, но според неа најважно е човек да ужива полн живот.

„Ако не се радувате на животот, нема смисла да се храните на одреден начин, нема смисла да работите и воопшто да правите што и да било”, вели таа.

Коронавирус