вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Познати

Амал му забрани на Клуни да вози мотор, ќе се шокирате кога ќе видите колку чини истиот на аукција

Таа стравува за неговата безбедност по сообраќајната несреќа која ја имал.
Амал му забрани на Клуни да вози мотор, ќе се шокирате кога ќе видите колку чини истиот на аукција

Амал Клуни сериозно се исплашила по сообраќајната несреќа која ја имаше Џорџ Клуни во јули годинава во Италија, па тој одлучил својот Харли Дејвидсон да го продаде на аукција за непрофитна организација која им помага на американските ветерани.

Имено, Амал му забранила на Клуни да вози мотор и побарала од него истиот да го продаде.

Како што пишуваат странските медиуми, таа често го има главниот збор во домот, а актерот бил многу попустлив кон неа.

Моторот во моментов е најскапиот предмет на аукцијата, проценет е на 25.000 долари, а на истата може да се купат и патики со потписот на Елен Деџенерис, како и ВИП билети за премиерата на осмата сезона на „Игра на престолот“.