среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 116
home Познати

Алкохолот го убива, а некогаш беше пример за младите: Бен Афлек изгуби контрола, за воодушевување е кој му помага во борбата (ФОТО)

Алкохолот го убива, а некогаш беше пример за младите: Бен Афлек изгуби контрола, за воодушевување е кој му помага во борбата (ФОТО)
Terrible pictures Rehab emergency...Wested Ben Affleck taken to rehab august 22, 2018 X17online.com

Бен Афлек по третпат оди на рехабилитација. Славниот актер повторно ја изгуби контролата со алкохолот, но доби помош од неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, која лично го одвезе во специјализирана установа за лекување на зависности.

Постапката на Џенифер наиде на море од комплименти. Нејзината посветеност да одржува блиска врска со Бен за доброто на нивните три деца секогаш била мета на пофалби, но сега пофалните зборови драстично се намножија. Иако парот има поднесено документи за развод, постапката сè уште не е финиширана.

Џенифер одлучила да интервенира откако Бен беше уловен од папараците додека примаше пакет со алкохол пред неговиот дом.

Деновиве 46-годишниот актер во неколку наврати беше фотографиран со 22-годишната Шона Секстон, а на неговото лице се гледаше дека не е во трезна состојба. Неговата врска со Плејбој моделот следуваше по разделбата со Линдзи Шукус.

Списанието People контактираше со блиска личност на Гарнер која за ситуацијата прокоментира:

„Дали таа е среќна што тој се забавува со млад Плејбој модел? Се разбира дека не. Но, таа сега не е загрижена со која тој е во врска. Таа се грижи за неговата трезност и дали може да се потпре на него како родител на нивните деца.“

Коронавирус