недела, 18. август 2019. Вести денес: 0
home Познати

Александра Пријовиќ заплива во актерските води, доби улога во популарниот филм

Александра Пријовиќ заплива во актерските води, доби улога во популарниот филм

Пејачката, Александра Пријовиќ доби улогa во четвртата сезона од популарната серија „Убијци на мојот татко“ .

Како што пренесуваат српските медиуми пејачката ќе се појави во две епизоди, а нејзините сцени таа веќе ги снимила.

Пријовиќ наводно го глуми ликот на пејачката Миле.

-Александра беше изненадена од повикот да глуми во серијата, ако се земи предвид дека таа сака предизвици кои ќе имаат влијание врз нејзината популарнот, но свати дека тоа ќе и биде од корист во нејзината кариера, открива за српските медиуми извор близок до пејачката.

Пејачката не го криела задоволството.

-Бев водушевена кога ме повикаа да глумам во серијата „Убијци на мојот татко“. Покрај тоа што ми претсѕтавува особена чест да глумам покрај нашите популарни актери, морам да признам дека ова ми беше голем предизвик. Одлично се снајдов, а за деталите не можам да зборувам се уште. Едвај чекам да започне новата сезона на серијата, рекла за еден српски медиум Александра Пријовиќ.

Најнови вести