вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Познати

Александра Пријовиќ во голема тага: Едвај собра сили да зборува за трагедијата која се случи за време на нивниот прв одмор со синот

Александра Пријовиќ во голема тага: Едвај собра сили да зборува за трагедијата која се случи за време на нивниот прв одмор со синот

Пејачката Александра Пријовиќ неодамна се врати од својот одмор во Монте Карло каде беше заедно со својот сопруг Филип Живојиновиќ и синот Александар.

Таа за медиумите во Србија раскажа за трагедијата која се случила за време на нивниот прв одмор со синот кој има само неколку месеци.

-На одморот беше убаво, меѓутоа се случи една трагедија за која мене се уште ми е тешко да зборувам, сепак убаво беше бидејќи тоа е наше прво патување со синот, вели Александра.

Инаку таа иако во моментот не откри за која трагедија станува збор медиумите веднаш заклучија дека се работи за загубата на нејзиниот дедо на крајот на минатиот месец, а од него се прости преку Инстаграм.

-Мил мој дедо, отиде вчера… многу ќе ми недостасуваш… Не можам да ти ја опишам тагата и болката, се надевал дека таму негде ти е поубаво и дека ангелите те чуваат. Те сака твојата внука најмногу на свет, дедо мој, засекогаш, напиша тогаш пејачката која беше на одмор во Монте Карло.