четврток, 25. април 2019. Вести денес: 0
home Познати

Александра Пријовиќ повредена на одмор, Филип итно ја однел во болница

Александра Пријовиќ повредена на одмор, Филип итно ја однел во болница

Иако поради настапите на пејачката, Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ не отидоа на меден месец, одморот во Црна Гора требаше за нив да биде вистинско уживање по венчавката.

Но, летувањето им преседна. Српските медиуми јавуваат дека Александра се лизнала додека била на јахта и се исекла на држачот од скалите поради што завршила во болница.

-Александра и Филип изнајмија јахта за да може да крстарат. Меѓутоа се тргна по лошо и тоа за неколку секунди. Александра тргна да земе крема за сончање и во еден момент се лизна, не успеа да се задржи и да го ублажи падот. Од падот таа се исече на остар лимен дел на десната нога и десното стапало од горната страна. Филип ја тоа време ја подготвуваше јахтата за пловидба, а кога таа врисна тој се избезуми. Особено бидејќи во еден момент имаше многу крв на, вели извор кој во тој момент се нашол на пристаништето.

Изворот додава дека Филип веднаш ја соблекол маицата за да и ја врзе раната.

-Ја крена во раце и ја однесе во Будва во Итна помош, но бидејќи имаше гужва ги фати паника двајцата. Минувачите ги упатија во блиската приватна болница каде на Александра и беше укажана помош. Дури вечерта го сретнав Филип кој ми кажа дека раната на ногата морала да се шие бидејќи била длабока, додека таа на стапалото не, додава изворот.