петок, 4. декември 2020. Вести денес: 89
home Познати

Александра Накова прво го поплави базенот, па му се препушти на уживањето во туѓи раце! (ФОТО+ВИДЕО)

Александра Накова прво го поплави базенот, па му се препушти на уживањето во туѓи раце! (ФОТО+ВИДЕО)

Кога ја нема, ја нема, ама кога ја има , таа не престанува  да биде во фокусот на јавноста. Ова лето особено, Александра Накова постојано го привлекува вниманието, а интересот за неа и нејзиниот начин на живот како магнет се лепи за нејзините обожаватели, следбеници и сеирџиите на социјалните мрежи.

Ноќните журки по Белград, дружбите и проводот со најпознатата балканска старлета Станија, корона аферата, наводното бегство од карантинот и нејзиното апсење на базенот… Јавноста секој нејзин потег или кажан збор речиси секојдневно го следи во чекор. Веројатно тоа е дел од судбината на убавите жени, особено ако се јавно експонирани, постојано да бидат „скенирани“, а нивната приватност да ги скокотка љубопитните.

И сето ова уште повеќе што Накова дел од своето секојдневие постојано споделува на социјалните мрежи.  Расната гевгеличанка дури и јавно  одговараше на прашањата на своите следбеници, па тоа го обзнани на својот Инстаграм профил во „приказните“  од кои сите можеа да го дознаат она што ги интересира за  Александра Накова. Се разбира, само она, што нејзе и одговара, толку, колку што убавицата им дозволи…

Деновиве летото влегува во својот зенит, а Гевгелија е не само најјужниот, туку и најтоплиот град во Македонија, па атрактивната убавица во неможност да тркне до морето кое и е така близу, а сепак така далеку заради затворените граници на јужниот сосед во шпицот на корона кризата, Накова се распакува, па правец на базен. И тоа оној најзе најблискиот, отворениот базен на едно од најпознатите гевгелиски казина.

А базенот како да работи само за неа, па затоа атрактивната убавица иако овој пат не беше цел на влажните машки погледи на самото место, реши на истите да им приреди одложено задоволство, споделувајќи ги своите жешки фотографии на својот Инстаграм.

Било кој модел  во било која боја, на Нанкова и стои совршено,  зашто на така извајано тело и бујни телесни облини прилегаат бикини во кои се крие „тајната“ која сите би сакале да ја дознаат и видат!

А расната убавица спуштајќи ги гаќичките за капење надолу или кревајќи ги  високо нагоре, длабоко врежани во најпосакуваната ерогена зона, само на миг им овозможи призор што ќе им ја разбранува страста, разбуди мечтите, засили копнежите, помати умот…  Доволно за експлозија на адреналинот!

И додека некому му е  пеколно од жешкиот призор, на Накова сонцето ја натера на ладење, па со елегантен скок „го полави“ базенот нуркајќи од крај до крај во неговата широчина. И тука нема ништо изненадувачки, зашто не би не чудело со таков раскошен „капацитет на плуќа“ , Александра да може долго да остане под вода, нуркајќи од едниот до другиот крај на базенот и во должина!

 

View this post on Instagram

 

??‍♀️

A post shared by Aleksandra Nakova (@nakovaaleksandra__official) on

А, по сончевиот и опуштен ден на гевгелискиот базен, македонстиот модел помина на вториот дел од својата релаксација, селејќи се на друга дестинација.

Накова набрзина се дислоцираше во македонската престолнина, каде му се препушти на уживањето во туѓи раце. И додека тие нежно минуваа по нејзината мазна, исончана кожа, убавицата легната на стомак уживаше цво секој допир, во секое движење по нејзиното тело.

Впрочем , можеби втората „тајна“  на совршената градба и балансираната килажа токму лежи во ваквото опуштање во релаксирачко-естетска масажа, по што многумина се прашуваат: „Што би дале да се на нејзино место?“

Само на чие? На она на Накова или на личноста што ја масира? Зависи… Кој како нештата ги перцепира!

 

Коронавирус