понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Познати

Алекс Родригез и Џенифер Лопез на пауза поради пандемијата

Алекс Родригез и Џенифер Лопез на пауза поради пандемијата

Свадбата на Алекс Родригез и Џенифер Лопез на пауза поради пандемијатаОбјавено пред 4 часа – 24 април, 2020Од Макфакс

Поранешниот бејзбол-играч Алекс Родригез откри дека претстојниот брак со Џенифер Лопез е ставен на пауза поради пандемијата на коронавирусот.

Тој гостуваше во синоќешната емисија TheTonight Show кога водителот Џими Фалон го запраша за свадбата.

„Мора да се приспособиме на новонастанатата ситуација. Како сите, така и ние. Сè е ставено на пауза“, рече Родригез.

„Очигледно, ова е време без преседан за нас. Треба да се грижиме за безбедноста на сите“, додаде тој.

Алекс и неговата 50-годишна свршеница, Џеј Ло, планираа ова лето да го врзат јазолот во Италија, но подоцна тие го сменија планот.

Познатиот бејзбол-играч и пејачката се свршија по сериозна врска од 2 години. Тој ја побара за жена саканата додека беа на романтичен одмор минатата година.

ЕУРО 2020

Македонија