понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Алек Болдвин на 61 година ќе стане татко по шести пат (ФОТО)

Алек Болдвин на 61 година ќе стане татко по шести пат (ФОТО)

Холивудскиот актер Алек Болдвин на 61 година повторно ќе стане татко, и тоа по шести пат. Неговата сопруга, инструкторката по јога, Хиларија Болдвин (35) ги изненади следбениците на Инстаграм со кратко видео на кое се слуша отчукување на срце, бебешко!

„Уште е рано, но првите месеци ме исцрпеа“, напиша Хиларија и откри дека по петти пат ќе стане мајка.

Хиларија во април годинава го загуби бебето, а своето страшно искуство го сподели со светот на социјалните мрежи. Меѓутоа, храбрата Хилари не се откажа од желбата да стане мајка петти пат.

Хиларија и Алек имаат четири деца, Кармен (6), Рафаела (4), Леонардо (3) и Ромео, кој има само 15 месеци.

Алек има ќерка од бракот со холивудската актерка Ким Бесинџер.