среда, 2. декември 2020. Вести денес: 183
home Познати

Алегри: Неверојатен меч, играчите демонстрираа техника, прецизност, агресија

Алегри: Неверојатен меч, играчите демонстрираа техника, прецизност, агресија

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри беше пресреќен од успехот со 3:0 над Атлетико Мадрид и пласманот на неговиот тим во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

Тој ги преплави со пофалби своите играчи по нивното одлично претставување вчеравечер, но додаде дека сакал тимот да ја покаже истата игра и во првиот натпревар во шпанската престолнина.

– Момците одиграа одлично. Тие демонстрираа техника, прецизност, агресија. Таков беше планот и за првиот натпревар, но тогаш во последен момент направив некои промени и не успеавме да ја покажеме вистинската игра. Сите со нетрпение го очекуваа овој меч. Имаше опасност од прекумерна нервоза, затоа им реков на играчите да останат смирени и балансирани, инаку ризикуваме многу. Спинацола одигра одличен натпревар лево, Федерико Бернардески исто така се покажа добро. Сите знаеме колку е добар. Ни требаше одлична изведба за да продолжиме, а ние го направивме токму тоа, изјави Алегри по натпреварот.

Најнови вести

Коронавирус