среда, 21. април 2021. Вести денес: 170
home Познати

Актерот со емотивна исповед ги шокираше сите: Дознал дека неговата сакана личност е силувана и тргнал по одмазда

Актерот со емотивна исповед ги шокираше сите: Дознал дека неговата сакана личност е силувана и тргнал по одмазда

Искрено проговори за еден од најтешките периоди во животот.

Актерот Лиам Нисон откри дека еднаш тргнал во одмаздички поход откако неговата сакана личност била силувана.

Тој раскажа шокантна приказна на прес-конференцијата за новинари, која се одржа за да го претстави новиот филм „Cold Pursuit“.

-Таа со силувањето се носеше на неверојатен начин, но мојата прва реакција беше прашањето дали знае кој и го сторил тоа. Не знаеше. Прашав која раса е таа личност. Таа кажа дека е црнец. Се симнав долу и наоколу одев со палка, надевајќи се дека некој ќе дојде, раскажа 66-годишниот актер.

„Се движев така една недела, надевајќи се дека некој гад ќе излезе од некој паб и ќе се обиде да ме нападне, за да можам да го убијам”, рече Neeson.

-Беше ужасно, но научив лекција од тоа и на крајот помислив – што правам по ѓаволите?! Ја разбирам потребата за одмазда, но од тоа се јавува само нова потреба, само убивање и убивање, заклучи тој.

Најнови вести

Коронавирус