недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Актерот од „Изгубени“ оздраве од коронавирусот: Сега сум слободен

Актерот од „Изгубени“ оздраве од коронавирусот: Сега сум слободен

Sвездата од серијата „Изгубени“, актерот Даниел Дае Ким (51), на својот инстаграм-профил објави дека е излекуван од коронавирусот. Тој објави видео во кое го опишува неговото искуство со болеста.

„Добрата вест е што повеќе немам вирус“, рекол Даниел, кој пред 10 дена призна дека е заразен.

Тој веќе минатата недела се чувствувал подобро, но пред закрепнувањето дошло до влошување.

– Оваа болест е различна од сè што доживеав досега, а минатата недела не беше исклучок. Откако ми заврши лекувањето, се чувствував подобро и поздраво, мислев дека сега мојот имунитет ќе ја преземе работата, но се чини дека бев премногу самоуверен. Кога престанав со лековите, се чувствував многу слаб и изморен. Одеднаш го изгубив чувството за мирис и вкус – опиша актерот.

Иако добил нови симптоми, добро беше што температурата не му се вратила.

– Повеќе немав температура, но и понатаму се чувствував многу лошо. Лекарот ми објасни дека тоа се симптоми предизвикани од нешто што се нарекува поствирусно воспаление, но дека тоа е дел од процесот на закрепнување. Траеше неколку дена со прекини, но слушнав дека кај некои луѓе може да траат неколку недели – заклучи актерот.

Ким успеал да се ослободи од сите симптоми и сега се смета за „слободен од вирусот“.

Коронавирус