вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Актерката стана мајка првпат на 47. години – зборуваше јавно дека не сака дете, а сега е целосно изменета

Актерката стана мајка првпат на 47. години – зборуваше јавно дека не сака дете, а сега е целосно изменета

Актерката Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Мејден објавиле дека станале родителите на ќерката Радикс.

47-годишната актерка и Бенџи се обидувале со години да добијат дете и кога дознале дека актерката е бремена не можеле да ја сокријат среќата. Во јануари 2018 година извор за „US Weekly” рекол дека парот многу сакал дете и дека биле депресивни што не им успева.

Меѓутоа, актерката пред да ја запознае љубовта на својот живот изјавила дека не сака деца.

„Детето е обврска, секој ден по цел ден до 18. години. Животот без деца е полесен. Сакам да ги заштитам луѓето, но никогаш не ме привлекувала идејата да бидам мајка. Засега сум добро и не сакам да имам деца. Доволно сум направила во животот“, рекла Камерон во јули 2014 година.

Се се променило кога Камерон и Бенџи го кажале судбоносното „да“ во 2015 година. За време на врската, а подоцна во брак не сакаале да откриваат детали за својот приватен живот. Актерката на Инстаграм објавила среќна вест и им честитла на следбениците Нова Година.

„Среќна Нова Година од Мејденсонови. Среќни сме, благословени и благодарни што новата деценија ќе ја започнеме со раѓањето на нашата ќерка Радикс Мејден. Веднаш ни ги украде срцата и не направи комплетно семејство. Пресреќни сме што ја делиме нашата радост со вас, но исто така сакаме да ја заштитиме нашата приватност. Нема да објавуваме фотографии од бебето, ниту информации, совен дека е многу слатка. Ви посакуваме се најдобро, среќна Нова Година и нова деценија“, напишала Камерон на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

❤️❤️❤️ @benjaminmadden

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz) on

Коронавирус