среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Познати

Актерката од филмот „The Notebook“ објави фотографија со сензитивна содржина со градите на мегдан, пораката е за сите мајки

Актерката од филмот „The Notebook“ објави фотографија со сензитивна содржина со градите на мегдан, пораката е за сите мајки

Актерката Рејчл Макадамс (40) која е најпозната по романтичниот филм „The Notebook“ ги шокираше фановите на својот Инстаграм профил откако објави фотографија со сензитивна содржина.

Имено актерката позирала нашминкана и скоцкана додека на градите имала пумпи за измолзување млеко. Многу мајки веднаш ја поддржаа и и се воодушевија на актерката, додека други и порачаа сурови пораки.

„И јас сум мајка, но не разбирам зошто покажуваш на целиот свет како со пумпи си добра мајка, те молам имај малку самодоверба и приватност“, „Зошто ваква фотографија?“, „Не си посебна“, „Жените тоа го прават со години“, се само дел од коментарите под нејзината фотографија.

Сепак медиумите издвоија и коментар кој има порака зад себе:

-Жените треба да ги охрабрат другите жени, да знаат колку е тешко доењето, никогаш нема да речат ништо лошо за жената која го прави тоа за своето дете!

Коронавирус