среда, 30. септември 2020. Вести денес: 47
home Познати

Актерката никогаш нема да си прости за ова: „Каде по ѓаволите ми беше главата кога се согласив?“

Актерката никогаш нема да си прости за ова: „Каде по ѓаволите ми беше главата кога се согласив?“

Актерката Кејт Винслет признала дека се кае што некогаш работела со Вуди Ален и Роман Полански.

Актерката која играше во филмот „Титаник“, претходно ја бранеше работата со двајцата режисери, но во новото интервју признала дека згрешила.

Зборувајќи за “Венити фер“, 44-годишната актерка рекла дека сака да послужи како пример за младите жени и да има ‘вистински интегритет’.

„Каде по ѓаволите ми беше главата кога се согласив на тоа да работам со Вуди Алек и Роман Полански? Сега ми е неверојатно како тие луѓе беа толку почитувани во филмската индустрија. Тоа е безобразно“, рекла Кејт во интервјуто. Навела дека мора да преземе одговорност бидејќи работела со двајцата.

„Не можам да го вратам времето. Се борам со тоа каење, но што имаме ако не можеме да бидеме искрени за сето тоа“, додала таа.

Вуди Ален (84), неговата посвоена ќерка Дилан Фероу го обвинила за сексуално злоставување кога имала седум години. Режисерот повеќепати ги негирал обвиненијата.

Полански (87) е уапсен и обвинет за дрогирање и силување на 13-годишни девојчиња во 1977-ма година, кога имал 43 години, каде режисерот се изјаснил за виновен за помало обвинение за незаконски секс со малолетничка.

Меѓутоа, пред изрекување на пресудата, избегал од САД и отишол во Париз, каде како француски државјанин бил заштитен од екстрадиција. Во меѓувреме, обвиненијата се зголемувале и уште три жени го обивниле Полански за силување.

Кејт Винслет со Полански работела на филмот „Carnage“ во 2011-та година, за кој добила номинација за Златен глобус за најдобра актерка.

Коронавирус