Триесет и тригодишната актерка Хилари Даф наскоро ќе стане мајка, па отворено зборуваше за промените кои се гледаат на нејзиното тело.
Даф на својот Инстаграм профил редовно ги известува своите фанови за текот на нејзината бременост.
Неодамна на фановите им призна дека бременоста досега била многу тешка и оти досега се е во ред, што го докажува низ фотографии на кои таа блеска.
На една од последните кои ги објави, Хилари го покажа својот труднички стомак, а во описот искрено проговори за своите промени во бременоста кои се однесуваат на нејзиното тело.
-Сега веќе е речиси невозможно да облечам чевли наутро, а ми се лоши од целоноќното станување поради честото мокрење и погледот на ова чудно тело кое моментно воопшто не изгледа како да е мое, напиша поранешната ѕвезда на Дизни.
На крајот сепак заклучи дека нејзината фотографија со тело кое како да не и припаѓа ќе остане потсетник колку жените се силни.