понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 152
home Познати

Актери на кои една улога им ја спаси кариерата: Од дното на врвот со само еден лик (ВИДЕО)

Актери на кои една улога им ја спаси кариерата: Од дното на врвот со само еден лик (ВИДЕО)

Понекогаш доволен е еден филм за актерите да си ја повратат кариерата која им тргнала во надолна линија.

Такви случаи има многу, а екипата на WatchMojo направи листа од топ 20 актери кои си ја спасиле кариерата со само една улога.

На списокот се наоѓаат познати актери како Адам Сендлер, Џони Деп, Џим Кери, Пол Бетани, Крис Еванс, Кристен Стјуарт, Џенифер Лопес, Николас Кејџ, Крис Прат, Мајкл Китон, Метју Меконахи, Мики Рурк, Лијам Нисон, Рајан Рејнолдс, Киану Ривс, Роберт Патисон, Марлон Брандо, Дру Баримор, Џон Траволта и Роберт Дауни Џуниор.

Интересен е случајот со Дру Баримор која ја реактивираше својата кариера со споредна улога. Оригинално, ѝ била понудена главната улога на Сидни Прескот во „Scream“, но самата ја одбила велејќи му на режисерот Вес Крејвен: „Поголем ефект ќе има филмот доколку мене ме убиеш на почетокот“. Така, филмот започнува со убиството на Кејси Бекер, лик кој го глуми токму Дру.

Коронавирус