петок, 14. мај 2021. Вести денес: 8
home Познати

Актер со големо срце: Крис вака одлучи да израдува тешко болен тинејџер кој е пред смрт (ФОТО)

Актер со големо срце: Крис вака одлучи да израдува тешко болен тинејџер кој е пред смрт (ФОТО)

Холивудскиот актер Крис Прат уште еднаш покажа дека има големо срце. Тој реши да ја исполни една од последните желби на својот фан, кому лекарите му рекле дека има уште неколку месеци живот.

„Драг свету, ова е мојот нов пријател Џејкоб Мандеј. Тој е 16-годишно дете од Њујорк со единствена и моќна приказна, напиша актерот Крис Прат (38) покрај фотографијата со тинејџерот која ја објави на социјалните мрежи.

Dear world, This is my new pal Jacob Monday. @j8ke.monday He is a 16 year old kid from upstate New York with a unique and powerful story. He was diagnosed with a rare form of bone cancer. He recently decided to stop treatment and is currently checking things off his bucket list. Needless to say he and his family have been through a lot. One of the things he wants to do is get a ton followers on Instagram. So follow his story for updates, and to help as he checks off items on his wish list! Show the love!!! Another thing he wanted besides meeting the star of his fav movie was to get his hair and makeup done! Ha!! ???? Here we are living that glam life. Makeup and hair credit to @bridgetbragerhair Good job! Jacob and I had fun chatting and kicking it for a few hours. Let’s see how many followers we can get him! #FollowJacobMonday ?♥?? Click the link to read his full story. https://www.gofundme.com/jacobswishes

A post shared by chris pratt (@prattprattpratt) on

Прат објасни дека докторите на Џејкоб му дијагностицирале редок вид на рак на коски, а Џејкоб неодамна одлучи да престане со лекувањето и да се посвети на остварување на желбите од својот список пред смрт.

„Една од тие работи што сакаше да ги направи, освен запознавање со ѕвездата на својот омилен филм, беше и да оди на фризер“, истакна актерот кој се согласи да се сретне со големиот фан на неговиот акционен филмски хит „Чувари на Галаксијата“.

Го одвел детето во фризерски салон, а додал и како со Џејкоб имале забавно дружење и дека не треба да се каже како тој и неговото семејството поминале низ многу нешта. Прат во еден момент го „презеде“ профилот на тинејџерот на социјалните мрежи зошто сакаше да напише нешто.

„Уренебесен е, искрен, чесен и силен. Го сакам ова дете. Искористете го моментот да ги гушнете своите деца“, напиша актерот. Ги замоли обожавателите да го следат Џејкоб на Инстаграм зошто една од желбите му е да има многу следбеници.

#pictureoftheday #pictureperfect

A post shared by Jacob Monday (@j8ke.monday) on

Коронавирус