четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 81
home Познати

Аки Рахимовски се огласи по мозочниот удар

Аки Рахимовски се огласи по мозочниот удар

Добар сум, накусо одговорил Аки Рахимовски за Јутарњи.хр по лесниот мозочен удар кој го доживеа.

Како што пишува порталот, пред два дена фронтменот на групата „Парни ваљак“ бил отпуштен од болница и е на домашно лекување.

-Верувам дека се ќе биде добро. Дома сум. Знам дека сите се исплашија кога слушнаа што се случило. Сега треба да одмарам и да ги слушам докторите што ќе кажат, вели пејачот за својата здравствена состојба.

Иако пејачот се опоравува во домашни услови, ќе мора да направи дополнителни аналлизи, вели менаџерот Дино Бахтијаревиќ.

Покрај мирувањето и избегнувањето стрес, докторите на Аки му забраниле пороци и му одредиле рестриктивен стил на исхрана со препорачано мени.

-Докторите му советуваа веднаш да ги остави цигарите и кафето. Што се однесува до исхраната треба да јаде повеќе овошје и зеленчук, а исхраната треба да му се базира на лесна и медитеранска храна, открива менаџерот.

Групата на својата официјална страна на Фејсбук по мозочниот удар на Аки објави дека ги одложува сите концерти се додека здравствената состојба на Рахимовски не се подобро. Велат, најважно е неговото здравје. По деталните анализи на лекарите ќе се знае кога Аки пак ќе застане на сцената.