понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 58
home Познати

Агуеро се опоравува во Дубаи во друштво на актрактивната девојка со која заедно тренираат

Агуеро се опоравува во Дубаи во друштво на актрактивната девојка со која заедно тренираат

Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро со својата девојка Софија Калцети одмараат во Дубаи каде се опоравува од срцевите проблеми поради кои најверојатно ќе ја прекине својата кариера.

Аргентинецот го запрепасти фудбалскиот свет кога во првото полувреме од натпреварот помеѓу Барселона и Алавес се фатил за белите дробови и побарал замена бидејќи не можел да дише. Веднаш му биле дијагностицирани срцеви проблеми поради кои Агуеро најверојатно нема повеќе да го гледаме на фудбалските терени.

Пред него претстои период со опоравување. Деновите ги искористил за да го посети Дубаи со својата девојка Софија Калцети од каде парот објавил неколку фотографии од различни локации.

Софија и Агуеро заедно тренираат во теретана, а големо внимание привкле фотографијата од парот кој вежба на врвот од зградата со прекрасен панорамски поглед на Дубаи.

Најнови вести

Коронавирус