сабота, 17. април 2021. Вести денес: 14
home Познати

Адвокатот откри детали од разводот на Ана Николиќ и Раста

Адвокатот откри детали од разводот на Ана Николиќ и Раста

Веќе една година српската пејачка Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ –Раста, зборуваат дека ќе се разведат. Во меѓувреме неколку пати се смирија и разделија, па многумина мислеа дека двојката на крајот сепак ќе остане заедно.

Меѓутоа, нивниот семеен адвокат Боривоје Боровиќ открива дека Ана и Раста дефинитивно одлучиле да стават точка на бракот. Тој открива дека сите документи за развод се подготвени и дека се чека денот и двајцата да се вратат од патување и со потпис да ја завршат парницата.

-Во прашање е разумен развод на бракот. Ана бара старателство над ќерката Тара, со тоа што таткото ќе има право да ја гледа кога ќе посака. Што се однесува на алиментацијата, Стефан ќе плаќа онолку колку може, а Ана околу тоа нема да прави проблем, вели адвокатот за српските медиуми.

Тој додава дека Ана и Тара остануваат во заедничкиот стан, додека Раста ќе живее во друг стан, а во врска со куќата која ја градеа, адвокатот вели дека засега не е спомната. Исто така, Боровиќ тврди дека разводот минува цивилизирано, но не ја исклучува можноста двојката повторно да се смири.

-Очигледно е дека постои разлика во однесувањата, но успеваат да разговараат без некаква драма. Никогаш не се знае што може да биде. Веќе еднаш направивме спогодба, па се помирија. Секогаш постои можност повторно да биде така, смета адвокатот.

Вистина.мк

Најнови вести

Коронавирус