вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 170
home Познати

Адел процвета по разводот, никогаш поубава и послаба (ФОТО)

Адел процвета по разводот, никогаш поубава и послаба (ФОТО)

Познатата британска пејачка уживаше на роденденот на раперот Дрејк , а сите забележаа колку изгледа убаво по разводот.

Британската пејачка и текстописец ,Адел, е главна тема на таблоидите, откако се појави на 33-тиот роденден на раперот Дрејк, во Холивуд во средата, и ја покажа новата фигура во елегантен црн фустан.

Таа по развод, почна да вежба пилатес за да се врати во форма, особено поради нејзиниот син Анџело. Досега изгубила најмалку седум килограми, што може да се види на фотографиите.

„Среќен роденден на еден од најдобрите и најсмешни луѓе што го познавам“, напиша Адел на фотографиите од роденденот.

По разводот од Симон Конецки, пејачката се посветила на вежбање. Во јуни, таа тргна на пилатес со нејзината пријателка Ајдо Филд, сопруга на Роби Вилијамс.

– Адел излегува и ужива во животот , а нејзиниот приоритет, се разбира, е синот Анџело. Таа ужива во новата диета и режимот на вежбање, тоа навистина и одговара. Таа всушност само сакаше подобра форма, а губењето на тежината е дополнителен бонус.” , коментираат блиските пријатели на АСдел за таблоидите. На прославата на роденденот на Дрејк, не беше наводното ново момче на Адел, Скепта (37).

Коронавирус