вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 13
home Познати

Адел ја покажа витката линија во костим за капење: Следбениците лути поради нејзината фризура

Адел ја покажа витката линија во костим за капење: Следбениците лути поради нејзината фризура

Секоја чест за упорноста, нека Адел ви биде инспирација дека се’ што сакаме во животот можеме да постигнеме.
Британската пејачка Адел, која изгуби 45 кг, воодушеви со најновата фотографија, но навлече и негативни коментари.

Имено денес Адел изненади со фотографија во горен дел бикини, впечатлива фризура и пердуви-крилја, се разбира овој додаток беше по повод познатиот Лондонски карневал Notting Hill.

Ова е прва нејзина фотографија во костим за капење, на социјалните мрежи.
Без шминка, природна, со линија доведена до совршенство – Адел изгледа одлично.

Меѓутоа токму нејзината фризура е спорна за следбениците, кои ја нападнаа заради „крадење на црнечката култура“. Тие посочија дека малите пунџи познати се заштитен знак на Афроамериканците па ја обвинија пејачката дека сака да привлече симпатии на црнечкото население.

Но, да се вратиме на трансформацијата, која е дефинитивно промена на годината, ако се сетиме како изгледаше таа порано.

Иако нејзината трансформација беше во екот на јавноста пред неколку месеци, се уште не сме навикнати на новиот изглед на шармантната музичка суперsвезда, Адел, а секоја нејзина објава на социјалните мрежи предизвикува нова фама бидејќи ретко објавува, а кога го прави тоа, станува збор за изданија во кои никогаш ја немаме видено.

Коронавирус