петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 59
home Познати

Аца Лукас проговори за поранешната сопруга Соња- за нејзината операција и за нивниот однос

Аца Лукас проговори за поранешната сопруга Соња- за нејзината операција и за нивниот однос

Аца Лукас проговори за неодамнешната операција на поранешната сопруга Соња, но и за тоа во какви односи се сега после се.

Итната операција на Соња која и беше извршена пред неколку дена, загрижи многумина, но еве што фолкерот вели за тоа.

-Јас навистина не ја разбирам конфузијата која се случи. Тоа не е ништо страшно. Имала миом. Таа е ок, оперирана е. Во совршено нормални односи сме, единствено не сме во брак, рекол пејачот.

Додал и дека не размислува за нова љубов и дека целосно е свртен кон музиката, а подготвен да му помогне на синот Андреј, кој тргнал по неговите стапки.

-На мене секогаш ми било добро. Никогаш во животот не сум сонувал дека морам да бидам голема ѕвезда, затоа што би потрошил многу години и не би бил задоволен од својот живот за време на тие години додека не станам ѕвезда. Јас секогаш сум уживал во животот. Мене секогаш ми било најубаво, рекол Лукас.

Локални избори 2021