петок, 26. април 2019. Вести денес: 66
home Познати

Аца Лукас проговори за деновите поминати во затвор

Аца Лукас проговори за деновите поминати во затвор

За Аца Лукс, 2018-та година на професионален план беше полна со настапи.

Кога станува збор за приватниот живот, тој се разведе од мајката на неговата ќерка Викторија, Соња Вуксановиќ, но и за првпат стана дедо.

Лукас се потсети на 2018та и проговори за деновите поминати во затвор.

„Еден мој пријател после моите денови во затвори, ми кажа како стојат работите. Тогаш бев многу нервозен, посебно првите неколку дена, толку што не можев да седам на стол. Мислев дека целиот свет се руши околу мене. Тогаш еден пријател од затвор ми кажа: „Ајде, што ти е? За шест месеци или една година ќе се смееме на ова. И навистина е така, по се што ми се случи, на некои работи сам се смеев“ раскажува Лукас.

Популарниот пејач два пати се женеше и откри дали повторно би запливал во брачните води.

„Уф, тешко. Никогаш не знаеме што може да се случи во животот. Можеби ќе засакам некоја девојка и повторно ќе се омажам. Но, ако се случи и тоа, таа голема љубов, мислам дека следната година нема да ме видите пред матичар. Сфатив дека врската мора да се негува одредено време и дека не треба да се венчам толку брзо. Можеби малку е чудно да се венчам на 50 години, луѓето ќе помсиалт дали овој е нормален“ вели Аца.

На почетокот на ноември Лукас наполни 50 години и истакна дека се чувствува одлично.

Вистина.мк